Заштита на недопирливата социјална култура

januar 03 2019

Секој проект почнува со проблем. Немаш проблем - немаш проект.

"Проблемите од кои почна проектот „Рурално и мало новинарство преку ОТВ“ беа страшни. Ни еден млад човек не беше заинтересиран да учествува во процесите на носење одлуки, не сакаше да се меша во работата на локалната самоуправа, а не ни знаеше што работи и кои надлежности ги има истата, ниту пак мислеше дека е важно да знае. Младите својата егзистенција ја гледаат само во иселувањето. Надлежностите на локалната самоуправа се terra incognita за нив. Како во една ваква ситуација да мотивираме млади да учествуваат и да стекнат самопочит и самодоверба за да бидат млади репортери? Едно знаевме, ќе ни треба сета помош од сите“ - раскажува Мартина Билјаровска, координатор на проект.

Во една таква ситуација, со помош на многу луѓе, професионалци, новинари, и со многу сила и храброст, посебен метод и техника за Community Reporting (Известување на заедницата), селекција на најпосветените кандидати од Пелагониски плански регион, и по завршувањето на проектот, мрежата за известување живее низ теренските известувачи на заедницата, младите, кои добија можност, добија едукација и се доволно истрајни во борбата за пообјективно информирање.

(1. Слики од теренско снимање и обука)

Obuka AGTIS 1Obuka AGTIS 3Obuka AGTIS 4Obuka AGTIS 5Obuka AGTIS 7Obuka AGTIS 8

„Ако земеме во предвид дека во Македонија немаме дописници на најголемите ТВ куќи, факторот „одржливост“ не е во прашање. Прашање е истрајноста на младите кои се обучува, колку успеавме ние да ги сензибилизираме за да издржат и да се челичат во оваа медиумска борба“ - потенцира Билјаровска.

Во продолжение, погледнете го интервјуто со Мартина Билјаровска.

Видео производите на младите продолжуваат да се објавуваат. Како тема што се негува и за која што е потребна медиумска поддршка е секако и културата, промовирањето и зачувувањето на културното наследство. Младите репортери сакаат да придонесат за заштитата на недопирливото наследство, не материјалната култура, туку она што не се гледа, социјалната култура. Материјалната култура се заштитува лесно, ќе најдете носија, барде, грне, и можете да го ставите во музеј, и на тој начин е таа заштитена. Исто така и обичаите, вие можете да ги снимите, на пр. Велиген или Курбан Бајрам, но овие обичаи се секојдневни. А што е со тоа како мајката го заспива детето? Какви песни му пее? Како се советуваат младите? Каков е односот снаа-свекрва? Сето ова спаѓа во делот на социјална култура и е тешко да се заштити.

На оваа тема, младиот репортер Блеранд Ќамили, разговара со Александар Цветкоски, кустос при НУ Завод и Музеј Прилеп, околу ретроспективата на десетгодишното работење на проектот „Музеите во училиштата или училиштата во музеите“. Со овој проект се придонесе за „зачувување на социјалната култура, која е недопирлива и невидлива бидејќи ја носиме под нашата кожа од самото раѓање“ - потенцира Цветкоски. Ова се постигна преку користење на младите таленти од училиштата од драмските секции кои снимаа перформанси, следејќи детално опишани сценарија и со увежбување на сите карактеристични движења и фацијални експресии.

Видео 2 - Интервју на Блеранд Ќамили со Александар Цветкоски

 

Младиот репортер Давор Петровиќ, разговара со Цветкоски за спецификацијата на работата со деца, како и големата улога на посветените наставници и професорки ментори.

Видео 3 - Интервју на Давор Петровиќ со Александар Цветкоски

Репортерката Сања Дамеска разговара со Цветкоски за работата на националната установа Завод и Музеј Прилеп, која иако е национална работи и локално. Важно е да се знае дека мисијата на музеите освен прибирање, регистрирање и чување на спомениците,  е и едукативната мисија која се пренесува на младите за културното наследство.

Видео 4 - Интервју на Сања Дамеска со Александар Цветкоски

Новинар: Филип Стојаноски
Камера и монтажа: Блеранд Ќамили и Филип Стојаноски
Фотографија: АГТИС Тим

DISKLAMER OTV MAK 800

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim