Реакција од Центар за социјални грижи за случајот со детето од село Загубени

novembar 02 2018

Отворена TВ ја истражуваше состојбата на луѓето, кои не биле толку среќни како нас останатите.

socijalno 2

Експертите ги нарекуваат маргинализирани групи, стигматизирани, луѓе со ментален или психички хендикеп, здравствено загрозени заедници и поединци, долготрајно невработени. Од нив најјасни се групите ЛГБТ, „сексуални работници и работнички“, корисниците на дроги, лицата со хив или сида, маргинализираните жени.

Тука списокот не престанува. Помалку познати се лицата со најразлични видови ментални хендикепи, од најлесно ниво, до најтешко. Некои од нив не е лесно да ги препознаете и можеби седат до вас. Нив можете да ги видите само во одредени околности, кога наједноставна работа ќе ги збуни, засрами, ќе ги натера да се повлечат, или едноставно, не можат да ја извршат.

Некои од нив никогаш нема да ги видите, затоа што ги кријат во семејството, за „да не се знае“. Некои не ги гледаме, затоа што не се вклучени и во образованието и на пазарот на труд, некои не ги гледаме затоа што инфраструктурата и просторот не се прилагодена на нивните потреби.

Сите тие се заштитени со закон, но само толку. Малку се прави, а многу останува мртво слово на хартија. Во некои закони само сувопарно се повторува „прилагодување на инфраструктурата“, но или не знаеме или не сакаме да знаеме што значи тоа, затоа што чини пари.

Овие лица, од деца, до стари лица, страдаат од својот хендикеп, но повеќе заради заедницата и институциите, кои не сакаат да им се посветат повеќе, не сакаат да потрошат пари, да си ја работат работата за која се платени, да прочитаат што им пишува во законот.

Најпрво, тие се маргинализирани од своето семејство. Некои ги кријат и се срамат од нив. Невклучено, таквото лице ќе развие силна душевна болка и чувство на отфрленост.

Потоа, тие се ограничени и онеоправдани во пристапот до добра и услуги, кои другите ги добиваат, но не и тие. Многу места за нив се недостапни, од јавните површини, до школските клупи, до институциите, кои се „заштитени“ со скалила, тесни и тешки врати, високи шалтери… и со неразбирање на вработените, кои им велат: „требаше да дојдете со некого…“…

Центарот зел пари, а како се грижи за децата со специјални потреби во овие општини?

DISKLAMER OTV MAK 800

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim