Завршен настан од експедицијата нов простор за откривање нови културни простори

oktobar 16 2018

АГТИС и извидниците од извидничкиот одред „Феникс“ Прилеп, веќе неколку месеци работат на заедничкиот проект „Координати на културата “, финансиран од Министерство за култура на Р. Македонија.

Целта на проектот е да развие нов културен простор за извидничките организации во Mакедонија и светот, базиран на културни, културно – амбиентални и еколошко – естетски премиси, кој мисијата и активностите на овие организации ќе ги ориентира (во соодветен и потребен дел на нивната сегашна мисија и методи на работа) кон интеркултурна и меѓународна размена, ќе ја зголеми нивната мобилност и капацитет за финансирање на сопствените активности и работа и ќе ги насочи кон утилитализирање на културното и природното наследство, во разни форми на еколошки и културен туризам, како и нивни комбинации. Со тоа, македонските извиднички организации би добиле содржинска и компаративна предност пред другите (странски) извиднички организации (овој вид проект е прв од ваков вид) и би се зголемила општествената одговорност на овие значајни групи млади, истовремено правилно ориентирајќи ги кон осовременување на нивната мисија, разбирањето на извидничката мисија, со што младешката енергија би се насочила кон развој на културна продукција и помош на културниот туризам и индустриите на културата, како база за нивна самоодржливост.  

За да се оствари таквата идеја, беа димензионирани серија активности почнувајќи од обука за извидничките тимови кое водеше кон извидничко такмичење, заради припрема на извидничките тимови, во „Теренски квиз на културата“, во кое, со класични извиднички методи на движење во природа и откривање на „коти на културата“, тимовите го открија новиот културен простор (физички), а потоа, преку осмислување содржини за „духовно освојување на новиот простор“, тимовите го „наполнија“ просторот со адекватни содржини.

Последниве неколку месеци, АГТИС заедно со секоја од патролите на извидничкиот одред посетија 5 различни места низ пелагонискиот регион и тоа: манастирот во Зрзе - Долненско, Мариово, планинарскиот дом Дервен, амфитеатарот во Варош и Маркови Кули и Крушево.
На секое посетено место, патролите снимаа перфоманси со кои се отвораа новите културни простори и тие ќе бидат склопени во еден филм. Премиерата на филмот се очекува да биде наскоро.

2. Извидници во Манастир Зрзе Долнени

Извидници во Манастир Зрзе-Долнени)

3. Извидници во Мариово

Извидници во Мариово

4. Извидници во планинарскиот дом Дервен

Извидници во планинарскиот дом Дервен

5. Извидници во Варош и Маркови Кули

Извидници во Варош и Маркови Кули

6. Извидници во Крушево

Извидници во Крушево

Завршниот настан и снимање на последниот дел од филмот за откривање на нов културен простор се одвиваше на Могилата на Непобедените во Прилеп, пред вечерието на големиот празник 11. Октомври кој е од големо значење за Прилеп, градот на пркосот и град на непокорот, чии атрибути Прилеп со право ги добива. Како што кажуваат извидниците, средбата на извидниците со природата и со културата е плодоносна, и треба да се негува и понатаму.

7. Извидници на Могилата на Непобедените во Прилеп

Извидници на Могилата на Непобедените во Прилеп

„Ова е само почеток, се надеваме дека ова ќе стане една пракса која ќе се повторува и во наредните години, каде што извидниците со ентузијазам и извиднички дух ќе отвораат нови културни простори“ - кажува Филип Стојаноски, старешина на извиднички одред „Феникс“.

„Отворањето на нов културен простор, не значи само посета на некој споменик или локалитет туку давање ново значење на истиот“ - велат од АГТИС.

Известува: Мартина Билјаровска
Фотографија: Паре Зареска, Божидар Цветкоски

 

DISKLAMER OTV MAK 800

Radionice

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim