Домашните работници во Македонија се дел од сивата економија
На денешната прес конференција на Рубин Аризанкоски од здружението „Достоинствен работник“, по повод Меѓународниот ден за достоинствена работа 7 октомври, изјави дека во Македонија околу 20.000 домашни работници не се евидентирани во системот, односно се дел од сивата економија.
„Домашните работници не се доволно заштитени според Законот за безбедност и здравје при работа, каде што нивната работа не е доволно прецизирана во Законот за работни односи, поточно не е во согласност со Конвенцијата за пристојна работа на домашните работници од страна на Меѓународната организација на трудот. Може да се напомене дека во земјите во развој, околу 4 до 12% од овие работници се неплатени, што значи дека е голем процентот, додека во Република Македонија околу 20.000 домашни работници не се евидентирани во системот, а тоа е се во делот на сивата економија“ - кажува Аризанкоски.
Известува: Мартина Билјаровска
Видео и монтажа: Раде Дамјановски