Како да удрите шамар на цела заедница?

septembar 27 2018

Во склоп на проектот „Рурално мало новинарство преку Отворена ТВ“ , поддржан од Американската амбасада во Македонија, АГТИС започна со видео спотови за „скроена“ обука. Четвртиот видео спот е за начинот на кој можете да го смислите прилогот.

Вистинското новинарство е истражувачко. Има повеќе од доволно новинари во Македонија кои се занимаваат со „додворувачко“ новинарство. Конкуренцијата е голема, затоа научи, истражи, па напиши убаво сценарио за прилогот. Ако немаш план што да снимиш – нема да снимиш!

На пример, што е со годишните планови, урбанизмот… Новинарот треба да се припреми и да собере информации. Замисли, во една општина одделиле пари за џамијата/црквата, а не им текнало дека рекчето го турнало мостот и колите поминуваат низ река. Други, пак, заборавиле дека младите немаат каде да излезат навечер, па не им текнало дека треба да го поплочат средселото, да стават клупи, осветлување… И после младите се отселувале заради пари. Не е заради пари, туку од негрижата на сите во селата…

Ама, тоа треба да се сними професионално и убаво, да биде интересно, гледливо… Инаку, општината секогаш ќе има некој медиум, кој го плаќа и тие „партал“ ќе ве сторат вас, што има вие да прашувате? Ќе ви стават етикета дека сте за „овие“ или за „оние“.

Решение? Има.

ЗАМИСЛИ, ПРИЛОГ:

РЕПОРТЕР: Јавните работи се прават со јавни пари. Тоа се наши пари и не треба да се помируваме кога се трошат неразумно. Ова со години се повторува во не знам колку мандати на градоначалниците и тие мора да сфатат дека рационалноста е дел од нивната работа. Можеби градоначалникот ова не го забележал и работи како што испланирале од неговите служби, па би било убаво да сфати дека ние медиумите му помагаме да ги контролира своите вработени. Гледаме дека тој многу се труди, па не смее да дозволи вакви нелогични работи да му го туркаат рејтингот. На пример… големо село, луѓето возат скапи коли, прават скапи куќи, дале куп пари за црква, за џамија, за големи кафани… даваат десетици илјади евра за свадби… а младите немаат место каде да излезат, да прошетаат, да седнат, да им дојде некој пејач, пејачка, забавувач, каде да се организира забавен живот… Имаат се, ама немаат ништо.

Како да удрите шамар на цела заедница?

Видеото во исто време е уметност, застапување и новинарство. Затоа, властите се плашат од креативни и надарени луѓе. Како ќе ги менувате работите, ако не постапите…вака?

Гледај.

Известува: Мартина Билјаровска
Фотографија, камера и монтажа: Раде Дамјаноски, Божидар Цветкоски

TEMPLEJT na makedonskomRES

 

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim