ТРИБИНА Како до подобро и повистинито информирање
Вчеравечер, 06.09.2018 на просторот под Градски Саат, популарно наречен Јавен простор Прилеп, прилепчани зедоа учество на трибина на отворено со наслов „Како до подобро и повистинито информирање“ во организација на АГТИС-Прилеп.
Трибината е поврзана со два проекти на АГТИС споени во еден: „Рурално и мало новинарство преку Отворена Телевизија - ОТВ“ кои се реализираат благодарение на разбирањето на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и на Европската Унија.
Рурално и мало новинарство преку Отворена Телевизија - ОТВ“
Формирање локален непрофитен медиум Отворена ТВ
Самиот проект има намера да креира мрежа на локални репортери по општините во Пелагонискиот плански регион, посебно во оние општини, за кои Прилеп обезбедува одредени институционални услуги. Локалните репортери се одговорот на прашањето кое се постави на трибината: Каков медиум му е потребен на Прилеп?
Заради што тие би ни биле потребни?
За да бидат очи и уши на Отворена Телевизија Прилеп и на медиската заедница ОТВ во 4 земји: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, но не за големите приказни, кои ги пренесуваат „големите медиуми“. Сами знаете дека се ова комерцијални медиуми, нивното функционирање чини многу пари, па затоа, тие се дел од пазарот на медиски услуги. Поинаку – медиумите мораат да трчаат по парите, затоа што ќе пропаднат. ОТВ не е комерцијален медиум и затоа бараме начини на функционирање со малку пари и со широка мрежа посветени локални репортери, кои ќе ги има во секое село, на секое место и ќе ги следат настаните и приказните, кои се случиле, кои не се случиле, а требало да се случат или активностите кои се планирани за иднина.
Мали приказни
„Ова новинарство е повзано со знаења за самата локална самоуправа, повеќе е истражувачко отколку сензационалистичко новинарство, и служи малите приказни на обичните луѓе да се најдат во етерот и пред институциите – кои носат одлуки во наше име. Едноставно е, ако ние ја популаризираме некоја ситуација, има многу поголеми шанси таа да се реши. Институциите многу поубаво функционираат, ако постои медиум, кој ги следи нивните работи, а не само настаните.
Затоа и започнуваме со обука за тоа мало новинарство, но преку видеа, со кои знаењата ќе влегуваат и преку кожата, а не само преку главата. Овде ќе учиме да бидеме опасни, да научиме да истражуваме и документи на општините и институциите, нивни планови, одлуки, буџет, отчети... и со тоа, да пробаме да го менуваме општеството во посакувана насока, а не само да бидеме пасивни граѓани, кои живеат со одлуките на општинските власти, а истовремено не учествуваат во процесот на носење одлуки. Едноставно е: Ние сакаме да бидеме вклучени во носењето на тие одлуки, па затоа рано ќе се интересираме, ќе предупредуваме, ќе сакаме да го свртиме јавното внимание и да развиеме дебата на општините и граѓаните. Со тоа се носат подобрувања, а и на општините им е полесно, кога ги имаат граѓанските ставови и мислења. Сето останато е чиста техника“ – објаснува Александар Цветкоски, претседател на АГТИС.
Слика Милан Секулоски, модератор на трибина, Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп, Александар Цветкоски, претседател на АГТИС
ОТВ е дел од Првата Медиска Заедница во Југоисточна Европа (во Западна Европа има 521 медиска заедница), со амбиција да стане центар на организирањето на некомерцијалните медиуми во заедници. Посетете ја Веб платформата на ОТВ https://www.mic.org.rs/Otvorena-televizija.
Оваа трибина е организирана како допринос за развој на оваа тема и како ресурс за јавна едукација на граѓаните за унапредување на локалното информирање и за поголемо вклучување на граѓаните во планирањето и процесите на носење одлуки на локално ниво.
Граѓани на дебата
На трибината беа присутни голем број на граѓани, претставници од општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски, невладини организации, здруженија, бизнис сектор, претставници на политички партии, локални новинари и др. Граѓаните ја искористија трибината за да постават различни прашања до панелистите, за проблемите на локално ниво, за актуелната општествена и политичка состојба во која што се наоѓа нашата држава, како и да ја дадат својата поддршка за граѓанското новинарство и укажаа на потребата од отворено, транспарентно и вистинито информирање.
„Со оглед на претстојниот период во Македонија, со референдумот, се става голем притисок на младите, голема неинформираност и дезинформации. Има цел склоп на збунетост кај младите, а проблемот влече и структурална проблематика, во образовниот систем, каде што наставниците ја користат оваа можност за пласирање на дезинформации“ – кажува Димитар Врглевски – граѓанин.
Димитар Врглевски
„Прилеп навистина по 12 години има локална власт која што припаѓа на народот. Ова е една пријатна атмосфера каде што градоначалникот седна со граѓанските активисти, застана пред новинарите подготвен да одговори на сите прашања и дури ве повика да ги поставите сите прашања“ – вели Моника Талеска, советник за односи со јавност во Општина Прилеп.
Моника Талеска, советник за односи со јавност во Општина Прилеп
„Благодарност до АГТИС која што организираше една одлична трибина, токму за новинарството, посебно новинарството во руралните средини, за веста што треба да се прикаже, начинот на прикажување на веста и се она што е потребно за еден новинар. Посебна благодарност за она што ова е прв момент, јас како градоначалник да ја имам можноста, вака на отворено, да излезам со граѓаните на интерактивна комуникација за сите проблеми во градот, а морам уште еднаш да напоменам, дека нема табу тема, за која што не може да се разговара. Стојам на располагање, секогаш и секаде да одговорам на новинарски прашања и прашања од граѓаните. Да направиме се што е во надлежност на општината за да биде подобро отколку што е сега. И мислам дека, секоја добронамерна критика, дали од граѓаните или од новинарите, позитивно ќе влијае на мене и на моите одлуки, на советот, на целата администрација во Општина Прилеп“ – порача Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.
Изјава за медиуми
На трибината, премиерно се проектираа и дел од едукативни перформанси за обука за мало и рурално новинарство.
Премиерно проектирање на едукативна перформанса
Во продолжение, погледнете ги изјавите за медиуми на Јованоски и Цветкоски.
Public debate: how to get better and more accurate informing
Yesterday, on September 6, 2018, in the area under the City Clock Tower, popularly called Public Space Prilep, Prilep citizens took part in the public debate titled "How To Get Better and More Accurate Informing" organized by ACTAC Prilep.
The debate is related to two projects of ACTAC merged into one: "Rural and small journalism through Open Television - OTV", which are realized thanks to the understanding of the Embassy of the United States of America in Macedonia and the European Union.
The project itself intends to create a network of local reporters in the municipalities of the Pelagonija planning region, especially in those municipalities, for which Prilep provides certain institutional services. Local reporters are the answer to the question raised at the debate: What kind of a medium does Prilep need?
Why would we need them?
To be "the eyes and ears" of Open Television Prilep and the OTV media community in 4 countries: Macedonia. Serbia, Bosnia and Herzegovina and Montenegro, but not for the big stories that are broadcasted by "big media. As everybody knows, commercial media and their operation cost a lot of money, therefore, they are part of the market for media services. In other words, the media must run for the money, otherwise, they will fail. OTV is not a commercial medium and therefore we are looking for ways of functioning with little money and with a wide network dedicated local reporters who will be present in every village, everywhere, and will follow the events and stories that have happened, those that have not happened, and should have happened, and the activities planned for the future.
"This journalism is connected with the knowledge of the local self-Government itself; it is more researching than sensationalist journalism, and serves the small stories of ordinary people to find themselves in the air and in front of the institutions - that make decisions on our behalf. It is simple if we popularize a situation; there is a much greater chance of solving it. Institutions work much more smoothly if there is a medium that monitors their work, not just events.
That is why we begin with training for small journalism, but through videos, which will also involve knowledge through the skin, and not only through the head. Here we will learn to be dangerous, to learn to research documents of municipalities and institutions, their plans, decisions, budgets, reports ... and thus, to try to change the society in a desired direction, not just to be passive citizens, who live with the decisions of the municipal authorities, while not taking part in the decision-making process. It is simple: We want to be involved in making those decisions, so we will be interested in on time, we will warn, we will strive to turn public attention and develop the debate of municipalities and citizens. This brings improvements, and it is easier for municipalities to have civil attitudes and opinions. Everything else is technique"- explains Aleksandar Cvetkoski, president of ACTAC.
OTV is part of the 1st Media Community in Southeast Europe (there are 521 media communities in Western Europe), with the ambition of becoming the center for the organization of non-commercial media in communities. OTV Web Platform is accessible on the following link: https://www.mic.org.rs/Otvorena-televizija.
This panel is organized as a contribution to the development of this topic and as a resource for public education of citizens for the promotion of local information and for greater involvement of citizens in planning and decision-making processes at the local level.
A large number of citizens, representatives from the municipality of Prilep, the mayor Ilija Jovanoski, NGOs, associations, business sector, representatives of political parties, local journalists and others were present at the debate. Citizens used the debate to ask various questions about problems at the local level, the current social and political situation in which our country is located, as well as to give their support to citizen journalism and pointed to the need for an open, transparent and true informing.
"Taking into consideration the forthcoming period in Macedonia, i.e., the referendum, there is a lot of pressure put on the young, as well as, great lack of information and misinformation. There is a whole range of confusion among young people, and the problem also entails structural problems in the education system, where teachers use this opportunity to place misinformation "- says Dimitar Vrglevski - citizen.
"Finally, after 12 years, Prilep really has a local Government that belongs to the people. This is a pleasant atmosphere where the mayor sits down with the civic activists, stands before the journalists ready to answer all the questions and even called you to ask all the questions"- says Monika Taleska, public relations advisor in the Municipality of Prilep.
"Thanks to ACTAC, for the organization of this debate for journalism, especially journalism in rural areas, the news that should be shown, how to display the news and everything that is needed for a journalist. Special thanks because this is the first time, I, as a mayor, have the opportunity, under clear skies, to come out with the citizens on an interactive communication about all the problems in the city, and I must once again mention that there is no taboo topic, that cannot be discussed. I am at your disposal, always and everywhere to answer journalistic questions and questions from citizens. Let's do everything within the competence of the municipality and our town to be better than it is now. I think that any well-intentioned criticism, whether from the citizens or from the journalists, will positively affect me and my decisions, the council, the entire administration in the Municipality of Prilep "- said Ilija Jovanoski, mayor of the Municipality of Prilep.
At the public debate, some of the educational performances for training for small and rural journalism were also premiered.
You can listen to the media statements of Jovanoski and Cvetkoski, bellow.
Новинар и фотографија: Мартина Билјаровска
Камера и монтажа: Раде Дамјаноски