„НАХРАНИ 10.000“
Дали знаевте? Македонија е рангирана на осмото место во светски рамки по количина на фрлена храна според бројот на жители. Исто така, околу 30 проценти од храната произведена во Македонија, никогаш не се консумира.
„Нахрани 10.000“ е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани. Акцијата е во организација на мрежата „Сите сити“, а идеен творец е Асоцијацијата „Ајде Македонија“ и со поддршка на граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“.
Првата хуманитарна акција се случува денес на 6 септември со почеток во 10 ч. и ќе трае се до 19 ч. со амбиција овој настан да прерасне во континуирана едномесечна акција во 10 градови од земјава: Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Кочани и Виница.
Акциите ќе се случуваат на следниве локации:
Сити Мол Скопје, Трговски центар Зебра - Капиштец, Гиго маркет – Радишани, Веро Џамбо - Скопје, Гиго маркет Драчево, Тинекс на бул. Борис Трајковски (Првомајска), Народна кујна при црквата Свети Петар и Павле, Тинекс Ѓорче Петров, Кит&го маркет Автокоманда, С-маркет во Ченто (Синѓелич), во близина на Капитол мол (Аеродром), Тинекс пред Драмскиот театар во Скопје, Тинекс на ул. Асном б.б. Во Битола, Тинекс на ул. Захарија Шумљанска 5 (Прилепска) во Битола, Кам маркет 1 (на ул. Васко Карангелески б.б.) во Битола, Кам маркет 1 (на ул. Васко Карангелески б.б.) во Битола, Кам маркет 2 (на ул. Коле Неделковски б.б.) во Битола, Веро Горно во Битола, Пред Беком Јавор во Битола, Тинекс (центар) во Куманово, пред Елида маркет (кај Стопанска банка) Куманово, на плоштадот во Прилеп, кај споменикот на Марко Цепенков во Прилеп, Пред Тинекс маркет во Кочани, пред автобуската станица во Кочани, Маркет Здравец (до главната пошта во Струмица), кај техничкото училиште-Никола Карев (Струмица), на плоштадот Гоце Делчев во Струмица, плоштадот во Радовиш, пред ETC маркет во Гостивар, пред Монтенегро мегамаркет, во центарот на градот во Гевгелија, Централ Макпрогрес (кај стариот плоштад) во Виница и пред Жито Маркет во Виница.
Волонтерите на Црвен Крст на Република Македонија Општинска организација Прилеп активно се вклучуваат во акцијата со 24 волонтери и денес се на терен на плоштадот во Прилеп, кај споменикот на Марко Цепенков каде ги очекуваат прилепчани да ја покажат хуманоста на дело.
Храната е основно човеково право. Таа е основна за било кој почеток, за децата да одат на училиште, за болните да примаат терапија, а постарите лица да примаат нега. Без неа нема живот. Да им помогнеме на илјадници наши соседи, пријатели, роднини, сограѓани. Да направиме општествена промена.
Известува: Мартина Билјаровска
Фотографија: „Мрдни со прст“ и Црвен Крст на Република Македонија Општинска организација Прилеп