Вело љубителите на прошетка низ Прилеп и во Музејот за тутун

septembar 03 2018

Вчера, вело љубителите имаа заедничко возење низ живописните и богати со тутун предели на прилепското поле, кое заврши во Музејот за тутун кој се наоѓа во кругот на ЈНУ Институт за тутун – во зградата на Институт за старословенска култура. Настанот беше во организација на Јавен простор Прилеп и ПрилепНаТочак.

Кустосот, Александар Цветкоски, ги прошета љубителите на велосипед низ историјата и им го објасни човекот преку луксузот. Музејот за тутун – Прилеп ги собира експонатите, но и вистинитите приказни, кои одат со нив.

„Експонатите не само што ја носат историјата на тутунот туку ја следат и историјата на Европа видена низ очите на тутунот. Тутунот е луксуз, а со луксузот е поврзана човековата глупавост, и ние во суштина имаме експонати кои ги демистифицираат какви се луѓето во суштина. Овие експонати не говорат за тутунот, туку за имателите, какви биле луѓето низ историјата во суштина“ - раскажува Александар Цветкоски, кустос од Музејот за тутун - Прилеп.

Музејот, меѓу другото, ја содржи и најголемата збирка на каширани фотографии на цел Балкан. Меѓу ескпонатите, интересно е да се спомнат чибукот на цар Романов, кримската лула, лулата на Ана Хабсбург, потоа индустриска збирка на експонати – 12 кутии на цигари кои го илустрираат вкусот од почетокот на појавата на индустриски експонати па досега, а тука е и лулата на Зино Давидоф, кој прв го вовел стилот на пушење цигари, потоа колекција бурмутници од времето на Катарина Медичи, експонати од Тито и Јованка Броз.

Во продолжение погледнете ја галеријата од заедничкото возење низ прилепско поле и посетата на Музејот за тутун.

ГАЛЕРИЈА

3. Вело љубители низ Прилепско поле

Вело љубители низ Прилепско поле

4.Велосипедисти пред Музеј за тутун 2

Велосипедисти пред Музеј за тутун

5. Александар Цветкоски кустос во Музеј за тутун Прилеп со вело љубителите 2

Александар Цветкоски - кустос во Музеј за тутун - Прилеп со вело-љубителите

6. Велосипедист низ Музеј за тутун

Велосипедист низ Музеј за тутун

7. Експонати во Музеј за тутун 2

Експонати во Музеј за тутун

8. Каталог на Музеј за тутун

Каталог на Музеј за тутун

9. Проба на бурмут 5

Проба на бурмут

 

Известува: Мартина Билјаровска

Фотографија: Божидар Цветкоски 

TEMPLEJT na makedonskomRES

Radionice

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim