Американскиот амбасадор Џес Л. Бејли во Прилеп

avgust 30 2018

Целта на денешната oфицијална посета на американскиот амбасадор Џес Л. Бејли во Прилеп каде што се сретна и со градоначалникот, Илија Јованоски е општествено политичката состојба во која што се наоѓа Р. Македонија.

 

На средбата исто така се разговараше и за бизнис климата, состојбата на младите и за референдумот, кој е круцијален момент во историјата на нашата држава.

„На денешната наша средба разговаравме за општествено политичката состојба во која што се наоѓа Р. Македонија.  Македонија е во еден многу битен историски момент. Треба да се направи вистински и правилен чекор во овој момент кој е единствена опција за нашата држава, за нашиот град, за нашите граѓани. Одговорноста е кај нас, ние треба да донесеме одлука“ - истакна Илија Јованоски, градоначалник на општина Прилеп.

„Ова беше една одлична посета каде што развивме одлични дискусии, за бизнис секторот и за младите. Исто така, имав и разговор со младите, точно за интеграциите на Р. Македонија во ЕУ и НАТО. Имавме одлична дискусија, развивме неколку точки и ги констатиравме придобивките на младите со влегувањето на Македонија во ЕУ и НАТО. Со Р. Македонија сме партнери 25 години и се надевам дека ќе продолжиме со заеднички сили кон ЕУ и НАТО.  Мојата главна порака кон младите е да ја зграпчат оваа прилика и да станат иднината на ЕУ и НАТО. Многу е битно да излезат и да гласаат за овој референдум и да ја имаат таа демократска одлука за Македонија да се интегрира полесно во ЕУ и НАТО“ - порача Џес Л. Бејли, амбасадор на САД во Македонија.

 

Известува: Мартина Билјаровска
Камера и монтажа: Раде Дамјаноски
Фотографија: Мартина Билјаровска

TEMPLEJT na makedonskomRES

Radionice

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim