Рурално мало новинарство
АГТИС започнува со имплементација на проектот „Рурално мало новинарство преку Отворена ТВ“ поддржан од Амбасадата на САД.
Локалните медиуми се одраз на демократијата во било која земја и не смеат да замрат. Тие треба да се грижат за јавниот интерес и се најблиски до проблемите на граѓаните. Како да ги натераме луѓето во општините и во институциите во руралните општини и во градовите, кои имаат надлежности за селата да соработуваат со граѓаните (навремено да ги информираат за предивдените планирања, темите на седниците на Советот, да повикуваат граѓани на дебата, да им носат експерти за да разговараат за одреден проблем, да ги земаат укажувањата од НВО - ите и на граѓаните во предвид)?
АГТИС започнува со имплементација на проектот „Рурално мало новинарство преку Отворена ТВ“ поддржан од Амбасадата на САД. Проектот има намера да воспостави мрежа на млади теренски репортери, истите да ги обучи за „мало новинарство“ или „новинарство на мали приказни“, за да влијае врз локалниот развој на општините во Пелагониски Плански Регион (ППР), посебно руралните, истите да се развиваат низ учество на граѓаните во процесите на носење и спроведување на одлуките, кои значат превземање на надлежностите, кои сега за нив ги извршуваат урбаните општини, односно подобрување на постоечките услуги кон граѓаните.
Пристапот наречен „Известување на руралните заедници“ ќе биде начин за зајакнување на руралните заедници, вклучувајќи ги институционалните фактори и граѓаните. Во рамките на овој проект, младите репортери ќе пренесуваат теми, кои се корисни за населението и на тој начин ќе развијат свесност кај населението, но и гледаност на ОТВ. Нив ќе ги обучиме за тоа, најпрво технички, а потоа и во препознавање на несреќата на најранливите групи во заедницата, неработењето на функционерите, како да откриваат манипулации, што е вистинита информација, а што политички трик и многу друго.
Заради сето речено погоре, овој проект сака да ги поттикне граѓаните да ја развијат локалната демократија, негувајќи ги локалните теми и на тој начин да го зголемат интересот и свесноста за учество во процесите на носење одлуки во самите општини.
Потпишување меморандум за соработка со Општина Кривогаштани
Проектот ќе се реализира во соработка со три општини во ППР: Долнени, Крушево и Кривогаштани кои што не само што ја поддржуваат оваа иницијатива, туку и секоја општина активно ќе биде вклучена со теренски репортери.
Потпишување на меморандум за соработка со Општина Долнени
АГТИС потпиша меморандуми за соработка со трите општини кои го признаваат проектот и како свој и ќе овозможат најдобра проектна соработка, по принципи на солидарност и заеднички интереси.
Потпишување на меморандум за соработка со Општина Крушево
Во продолжение погледнете го промо видеото:
Новинар: Мартина Билјаровска
Фотографија: Архива АГТИС