Хуманитарна акција - Купете фотографија, спасете живот
mart 31 2018
Денес на градскиот плоштад во Прилеп, во организација на Фото кино клубот Прилеп и графичката струка од СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ се спроведе хуманитарна акцијa: Купете фотографија, спасете живот
.
„Целта на оваа хуманитарна акција е да се помогне на мало осумгодишно девојче кое боледува од тумор.
Изложени ќе бидат околу 300 фотографии, а парите ќе се донираат за потребната операција.“ - истакна Андреј Златаноски, член на ФКК Прилеп и организатор на хуманитарната акција.
Новинар и фотографија: Мартина Билјаровска
Камера и монтажа: Божидар Цветкоски