Павловска-Данева: Кој кому изрекува прекршоци?
„Во овој момент во државава, ниту се знае за кој прекршок кој орган или Суд е надлежен, ниту со колкави казни се казнуваат прекршителите, ниту како понатаму ќе тече правната заштита, или жалбената постапка затоа што на почеток, не знаеме кој ја изрекува прекршочната санкција.
Новиот закон предвидува дека глоба од над 1000 евра не може да оди во орган на управа, не може службеник да изрекува глоба над 1000 евра, сеедно дали ќе биде за физичко или за правно лице“ - вели Ана Павловска Данева.
Изјавата на Павловска-Данева е дел од панелот:
Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?, кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.
Повеќе на видеото.
Новинар: Мартина Билјаровска
Камера и монтажа: Божидар Цветкоски