Анкета за родово сензитивни прашања

april 12 2019

АГТИС спроведе Анкетa за родова еднаквост, дел од проектот  „Грас-рут родово сензитивна агенда преку ОТВ (Отворена ТВ)“, поддржан од Екуменска иницијатива на жени, во период од 21.03.2019 до 31.03.2019. Онлајн анкетата наиде на одзив од 125 испитаници од населението во Пелагониски плански регион.

Анкетата има за цел да открие каков е статусот на жената во однос на остварувањето на основните човекови права и понатаму ќе се користи како извор на податоци за положбата на жената во овој регион и како средство за подигање на јавната свест за правата и потребите на жените и за унапредување на статусот на жената во општеството.

Во продолжение, дел од анкетните резултати.

На прашањето,  дали испитаниците сметаат дека жените се третирани еднакви со мажите во нашата земја, 72.7 % одговориле „НЕ“, а 27.3 % дека третманот е ист.

 

P1

На прашањето, дали жените и мажите треба да бидат исто платени за ист обем на работа, 84.8 % одговориле „ДА“, а 15.2 % „НЕ“.

 

P2

На прашањето, дали испитаниците сметаат дека жените во урбаните средини имаат поголеми права од жените во руралните средини, 85.9 % од испитаниците одговориле „ДА“.

 

P3

Дополнително, на прашањето, дали мислат дека традиционалната култура влијае врз родовата нееднаквост, 81.3 % од испитаниците одговориле „ДА“.

 

P4

На прашањето, дали има злоупотреба на женските права во институциите, 63.1% од испитаниците одговориле „ДА“, додека пак на прашањето, дали слушнале за работата на општинските тела за обезбедување на родова еднаквост, 21.2% не слушнале за нивната работа, a 36.4% од испитаниците не знаат ни дека постојат такви тела.

 

P5

P6

Заклучок:

Овие одговори индицираат на општите ставови на населението кои потврдуваат дека унапредувањето на положбата на жените во нашата земја не е еден од приоритетите. Голем дел од испитаниците, 72.7 %  се согласуваат дека третманот на мажите и жените не е ист, што се гледа и во доменот на плати  за ист обем на работа,  т.е. 84.8 % од испитаниците се согласуваат дека жените и мажите треба да бидат исто платени за ист обем на работа, иако не се.

На светско ниво, „родовиот јаз во платите претставува една од најголемите манифестации на социјалната неправда денес, и сите земји треба да се обидат подобро да разберат што лежи позади сето тоа и да го забрзаат процесот кон родова еднаквост“ според Гај Рајдер, генерален директор на Меѓународна организација за труд. Светскиот економски форум соопшти дека жените ќе мора да чекаат уште 202 години за да се изедначат со мажите и да имаат исти можности за вработување. Според родовата рамноправност, на оваа листа од регионот Србија е на 38 место, Македонија на 66 место, Хрватска на 59, БиХ на 62, а Црна Гора на 69 место. 

Одговорот од 85.9% од испитаниците кои одговориле дека жените во урбаните средини имаат поголеми права од жените во руралните средини, го потврдува фактот дека проблемите со коишто се соочуваат жените од руралните средини најчесто се занемарувани од страна на надлежните институции или, пак, третирани со регуларни мерки коишто не секогаш доведуваат до посакуваниот резултат. Поради таквиот пристап, жените од руралните средини се во многу тешка ситуација и често спаѓаат меѓу најсиромашната популација, нивниот труд е ниско вреднуван, вклучително и трудот во домаќинство, семејните обврски и работата на семејниот земјоделски имот.

81.3% од испитаниците се согасуваат дека патријархалните вредности и традиционалната поделба на родовите улоги влијаат врз позицијата на руралната жена. Традиционалната улога на жените во домот и семејството е прифатена како нормален и посакуван модел. Жените коишто имаат средно образование, а се невработени, повеќе се приклонети кон традиционалните и семејните вредности, а ги почитуваат и родово поделените улоги, односно не чувствуваат потреба да побараат помош во извршување на домашните обврски, ниту, пак, очекуваат од другите членови на семејството да учествуваат во тоа, и уште повеќе,  во голем дел тие во тој традиционален дух ги воспитуваат и своите деца, посебно девојчињата. Оваа  појава посебно се истакнува при наследувањето на имотот, каде женските деца се обесправени, и се откажуваат од наследство (според традициски норми, а не според законски).  

Покрај онлајн анкетата,  дел од ОТВ тимот спроведе и истражување во Пелагониски плански регион, (Девет општини: урбани - Крушево, Ресен, Прилеп, Битола, Демир Хисар; рурални - Кривогаштани, Могила, Новаци, Долнени) околу институционалната заштита и промовирање на родовите права преку комисиите за обезбедување на родова еднаквост. Според информациите на официјалните веб страни  од општините, објавено е дека во Прилеп и Битола постои комисија за обезбедување на родова еднаквост, но нема никаква евиденција за работата на ова тело,  додека пак за останатите седум општини нема објава за постоење на вакво тело. Фактот од 60% од испитаниците кои не слушнале за нивната работа или не знаат ни дека постојат вакви тела, покажува дека  транспарентноста и отчетноста од страна на општините е на ниско ниво.

Очекуваме дека добиените резултати од спроведената анкета ќе имаат придонес во понатамошното унапредување  на статусот на жената во општеството и ќе ги сензибилизираат институциите и надлежните тела да ги согледаат мислењата на испитаниците и ќе ги приоритизираат проблемите за кои е најпотребно итно да се преземат мерки.

Анкетата и истражувањата се спроведени и подготвени од OTВ репортери.

Новинар: Мартина Билјаровска

DISKLAMER OTV MAK 800

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim