ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп
Според Законот за научно истражувачка дејност на Република Македонија, Институтот за старословенска култура од Прилеп е јавна научна установа од висок национален и стратешки интерес.
Карактеристика е тоа што од самите почетоци, Институтот има интердисциплинарен карактер што го прави посебен, не само во Македонија туку и во регионот, на Балканот. Се занимава со научно истражувачка работа од областа на општествените и хуманистичките науки, и тоа од арехологија, историја, историја на уметност, наука за јазик и лингвистика, етнологија и етногенеза и антропологија. Во текот на своето работење има постигнато огромен број на резултати и реализирано голем број на научно истражувачки проекти.
Институтот ги направи и првите чекори во областа на истражувањата на ликовното културно наследство, односно фреско живописот во преродбенскиот период и тоа во една од најстарите и најголемите митрополии од Охридската архиепископија, Пелагониската епархија.
Во репрезентацијата на Институтот, посебно место имаат и публикациите. „Потребно е да го нагласам нашето периодично списание Балканославика, кое е ценето не само во Македонија, туку е особено ценето во источна Европа и во светски рамки. Веќе неколку години со ред, успеваме истото да го издаваме и тоа два пати годишно, и имаме и веб страна http://balcanoslavica.mk/index.php/balcanoslavica/index на која што сите досегашни изданија се достапни во електронска верзија“ - истакна д-р Ели Луческа, директор на Институт за старословенска култура.
Новинар: Мартина Билјаровска
Фото: Божидар Цветкоски