„Со инаугурацијата на господинот Пендаровски за претседател, Македонија заврши една важна фаза во политичка смисла. Фаза, која што имаше огромни премрежја и која што сега стави точка на еден дел од политичкиот живот на републиката.
Тргнуваме во една порасчистена ситуација. Сега е навистина последен час за спроведување на реформи. Изговори не постојат. Таа свест постои и во Влада, останува да видиме дали има капацитет за да се прави тоа. Потребен е систем - да се изразам со речникот на политичкото секојдневие, кој сам ќе мете, ќе нема потреба од кампањски и популистички акции за зачистување на дворот кадровски.
Агендата за реформите е одамна утврдена. Таа не доживува некои значајни промени или изненадувања во смисла на тоа што треба да се работи, но власта, оваа сегашнава, немаше доволно концентрација во изминатите година и пол дена да може со потполна посветеност да се зафати со спроведување на таа агенда“ - заклучува Сашо Орданоски.
Изјавата на Орданоски е дел од панелот „Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?“ , кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.
Повеќе на видеото.
Новинар: Мартина Билјаровска
Камера и монтажа: Раде Дамјаноски и Божидар Цветкоски


