Потрошувачките навики преку приказна на еден од основоположниците на животот во Прилеп.
„Приказната почнува во 1984 г. со Кафе „ГИНО“. Под киното долу, во визбите, во еден подрум. Младалачки ентузијазам, кога учевме средно во Скопје видовме нешто и да го пренесеме тука.

Почетоците, или пионирските чекори, тешки. Го донесовме првиот автомат за кафе во Прилеп. Е оти кајмак нема?“- раскажува Киро Гиноски - сопственик на првиот современ кафич во Прилеп.

„Алкохол, виски. Што е тоа? Ракија и вино, шприцер. Мораше да се сменат навиките. Бевме пионири, беше тешко. Прилепчани како прилепчани, како коњите, само напред. Но, верувам дека успеавме да им ги смениме нивните потрошувачки навики.“ - вели Гиноски.
Новинар: Мартина Билјаровска
Камера: Божидар Цветкоски
Фотографија и монтажа: Ангела Талеска


