Градски Саат - Кривата кула во Прилеп Како да научиш да ја сакаш културата?

septembar 13 2018

Саат кулата во Прилеп преставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достигала до 55 м. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година.

Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година. Била градена на шестоаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри.

2. Центар на Прилеп стара чаршија4. Саат Кула во Прилеп денес

Центар на Прилеп, стара чаршија

Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма. Над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува.

„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах...

333. Напис на Саат Кулата

Напис на Саат Кула

Поради накривувањето на кулата, односно, инклинација од 114 цм, во октомври 2012 година се започнати работи за стабилизирање на кулата и стопирање на нејзиното накривување. Поради накривувањето, на шега го викаат „Кривата кула од Прилеп“.

Во склоп на повеќегодишниот проект „Музеите во училиштата или училиштата во музеите“,културно-историските споменици и локалитети беа преокупација на учениците во Прилеп. Веќе неколку години во соработка со НУ Завод и Музеј учениците учат за културата, обичаите и традицијата.

Проектните резултати и производи индицираат на тоа дека учениците покажаа задоволство од проектот, фактот дека беа на ТВ, дека нешто постигнаа на тоа поле и тоа им послужи за самоидентификација на учениците. Истовремено, на креативен начин ја запознаа социјалната и духовна култура низ самите перформанси и научија да ја препознаваат културата и културните одлики.

 

ГОЛЕМАТА СААТ-КУЛА

Големата сат кула беше висока,

највисока и најувава од сите

повеќе од двесте години градена

пoдигната од Саид-ага, Лауцот

и Тасламиче како ѕидари млади,

со еснафски градски што многу се слушат.

Често пати преправана таа беше

часовници ставени од сите страни

направени така далеку да вијат

како моми в`танец што играат стројно

како ветар тивок да поддувнувал в`зори

како милна песна пропеана в`оро,

како мраморна чешма што тивко збори,

како кучиња надвор вијат и плачат

како јастреби и орли што се кријат јачат…

На влезната врата со арапско писмо

испишано стои: не радуј се човеку

од гласот негов зашто си постар,

чукни на саатот и времето што мине

одминува и силно вика долго ах…

Животот и времето на саат-кулата

беа навалени, свиткани над градот

како искривената кула од Пиза

градот Галилејов, за туристите рај

и многу постара од нашата кула,

но сепак споменици културни се знај.

ЈОВАН БАШЕСКИ

5. Градски Саат Тони Чатлески

Градски Саат - Тони Чатлески

 

Известува: Мартина Билјаровска

Снимател: Дарко Катушев

Монтажа: Раде Дамјаноски

Фотографија: АГТИС архива: Паре Зареска, Old Prilep архива.

TEMPLEJT na makedonskomRES

Radionice

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim