Стара чаршија Прилеп – Анџија и Бостанџија Како да научиш да ја сакаш културата?

septembar 04 2018

Културно-историските споменици и локалитетите беа преокупација на учениците на повеќегодишниот проект „Музеите во училиштата или училиштата во музеите“. Веќе неколку години во соработка со НУ Завод и Музеј учениците учат за културата, обичаите и традицијата.

Основна цел на проектот е да се сензибилизираат и обучат професорите и наставниците за потребата од изучување на социјалната и духовната култура на Македонија – во редовниот наставен процес, како потреба која произлегува од самата есенцијалност на оваа материја, која е високо етичка, естетска и етнички идентификациона категорија, а исто така е регулирана со Препораки на Советот на Европа за едукација за културно наследство.

Македонија обилува со различни модели на социјална регулација на животот, кои се и денес живи како обичајно-правни регулативи, или се остатоци од некој период, во кој претставувале делотворни социјални регулативи. Тие се останати во нашата „природна и јазична естетика“, чувство за ред, правичност, пожелно однесување...Тие се основни одредници на допаѓањето и емпатијата. Тие се естетски, психолошки, етно-психолошки, ориентациони, социјални категории и во земјите со поразвиена антрополошка мисла се фокус на етнолошките истражувања. За овој проект е важно да се каже дека не постои искуство во школско презентирање на социјалната култура, ниту изводи на описи и објаснување на ова однесување, кои би биле разбирливи (и секако интересни) за учениците и за пошироката јавност.

2. Слика од снимање на перформанси 1 800

 Слика од снимање на перформанси

Материјалната етнографска култура е најпретставуваниот вид на народната култура, бидејќи е најлесно. Сепак, и таа не е преточена во форма и содржини, кои би се имплементирале во школскиот систем, па од таа гледна точка е фрагментарна и не претставува никаков систем.

Овој проект претставува обид на трите видови етнографска култура да им се даде облик на школско градиво, кое би се имплементирало во редовната проектна настава на учениците во основните и средните училишта. Лесно е да се каже, а тешко да се оствари, посебно и заради тоа што нема никакви курикулуми, ниту дидактичко-методолошки упатства или искуства. Од таа причина, совладувањето на главната проектна задача мора да биде биде „процес на двојно учење“  - учениците да учат од НУ Завод и Музеј – Прилеп, а музејските експерти од учениците, професорите и школските професионалци – како сето тоа да се презентира, истовремено да не биде сувопарно и досадно и како да има импакт врз едукативните цели и нивото на знаење на децата.

Проектот треба да предизвика љубов кај учениците кон овие видови на култура, знаење и мотивираност за нивно зачувување (културно-уметнички друштва, фолклорни друштва, изработка на експонати во народен стил, креирање на школски музеи и многу други форми на чување и учење на културното наследство).

2. Слика од снимање на перформанси 800

Слика од снимање на перформанси

Учениците со задоволство уживаа во подготовките. Користејќи ја креативноста, најрадосни се кога снимаат кратко видео за избраниот локалитет или случување. Тие ем ја учат историјата на забавен начин, ем се актери. Меѓудругото, научните институции се доближуваат до учениците, поттикнувајќи го интересот за традицијата и афирмирањето на националното културно - историско богатство и наследство.

Во продолжение, погледнете кратко видео за старата чаршија во Прилеп, на македонски и на англиски јазик.

 

Известува: Мартина Билјаровска

Снимател: Дарко Катушев

Монтажа: Раде Дамјаноски

Фотографија: АГТИС архива: Паре Зареска

TEMPLEJT na makedonskomRES

Radionice

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim